×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Затекнати 92 малолетници додека го нарушувле јавниот ред и мир во Куманово

    07.07.2025 14:06 | KumanovoNews

    На две локации во Куманово, викендов биле затекнати вкупно 92 малолетници кои конзумираат алкохол и наркотици, по што го нарушуваат јавниот ред и мир во градот. 

     

    Затекнати 92 малолетници додека го нарушувле јавниот ред и мир во Куманово

    „Во текот на изминатиот викенд полициски службеници од СВР Куманово презедоа мерки со цел пронаоѓање на малолетни лица кои по 24.00 часот се собираат и го нарушуваат јавниот ред и мир, конзумираат алкохолни пијалоци и наркотични средства. Притоа, на две локации во Куманово биле затекнати 92 малолетници. Лицата биле предадени на нивните родители и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни поднесоци“, соопшти СВР Куманово.

    Полицијата интервенирала во Сколански парк и во населбата „Гоце Делчев“ по поплака на граѓани дека по полноќ се нарушува јавниот ред и мир од малолетни лица .