Затворен објект во Куманово поради непочитување на работното време
16.01.2021 10:43
| KumanovoNews
Полициските службеници од СВР Куманово, синоќа во 21.50 часот извршиле контрола во објект за компјутерски игри во Куманово. При контрола во објектот биле затекнати 13 лица.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниот законик – „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.