×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Затворена е кујната во објектот „Пчелка“, се испитува дали имало труење со храна

    10.05.2021 13:46 | KumanovoNews

    Затворена е кујната каде што се подготвувала храна за дечињата во три објекти на градинката „Ангел Шајче“ во Куманово.

    Затворена е кујната во објектот „Пчелка“, се испитува дали имало труење со храна

    Од утринава во градинката се инспектори од Државниот санитарен здравствен инспекторат, од Агенцијата за храна и ветеринарство и епидемиолог од Центарот за јавно здравје, кои испитуваат која е причината за здравствените проблеми на 30-тина дечиња.

    Родителите се сомневаат дека децата се отруле од храна, додека директорката Марина Алексовска вели дека ги чекаат резултатите од надлежните институции.

    „Во петокот, две деца имаа температура и пролив и ги повикавме родителите да си ги земат децата. Не знаевме дека за викенд и други деца побарале помош во Општа болница. Синоќа кога разбрав, ги информирав надлежните институции и тие денеска започнаа со епидемиолошки истражувања и земаа брисови од сите три објекти, па ќе видиме што ќе покажат резултатите“, вели Алексовска.

    Храната се подготвувала во објектот „Пчелка“, а потоа со возило се носела во другите две градинки. Денеска дечињата добиваат храна од друга кујна, која работи во централната градинка.

    Tриесетина деца на возраст од две до шест години со симптоми на труење од храна викендов добиле лекарска помош во Кумановската болница. Поради висока температура, повраќање, пролив и грчеви во стомакот, две се задржани на лекување, а останатите се пуштени дома откако добиле адекватна терапија.

    Родителите се сомнаваат дека дечињата се затруле од храната во четврток, бидејќи во петок попладне почнале првите симптоми.

    „Детето имаше температура од 40 степени. Се извадивме од памет и веднаш го однесовме на лекар. Првата претпоставка беше дека можеби се работи за корона, а подоцна и дека е стомачен вирус. Откако со исти симптоми беа донесени и други деца од неговата група знаевме дека е од градинка“, раскажува еден од родителите.

    (С.Н.)