×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Затворени добиточниот пазар и бувљакот, зелените пазари работат со скратено работно време

    21.03.2020 12:10 | KumanovoNews

     Забранета е работата на добиточниот пазар и пазарот за стари работи во селото Долно Којнаре.

    Затворени добиточниот пазар и бувљакот, зелените пазари работат со скратено работно време

     Од ЈП „Пазаришта“ информираат дека тие постапуваат по насоките и одлуките на државните и локалните институции, кои преземаат мерки за заштита од коронавирусот.

    -  Забрана за работа на добиточниот пазар донесе Агенцијата за храна и ветеринарство, додека пазарот за стари работи е затворен врз основа на заклучок донесен од Општинскиот штаб за заштита и спасување, а согласно барањето на Општината, - соопштуваат од претпријатието.

     Зелениот пазар, реонското пазарче и ЈП „Пазаришта“ ќе работи со скратено работно време од 8 до 14 часот.

    - Упатуваме апел до закупците на тезгите, како и до сите граѓани да ги почитуваат препораките и одлуките на Владата со цел да се намалат ризиците и да се спречи ширењето на вирусот Ковид-19, - апелираат од ЈП „Пазариште“.   

    Предходните денови извршена е дезинфекција на објектите и деловниот простор со кој стопанисува претпријатието.