Затвореници се степале во затворот во К`шање
12.05.2020 20:38
| KumanovoNews
СВР Куманово поднесе кривична пријавa против М.М.(24) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело тешка телесна повреда.

На 1 април годинава, пријавениот, кој бил на издржување на затворска казна во КПУ „К`шање” во Куманово, со тврд предмет го нападнал С.С., кој исто така бил на издржување на затворска казна во затворот, нанаесувајќи му тешки телесни повреди.