×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Заврши фестивалот Денови на комедија во Куманово

    10.10.2020 08:31 | KumanovoNews

     Со претставата „Солдат“ на Кумановскиот театар, синоќа заврши Меѓународниот театарски фестивал Денови на комедија во Куманово.

    Заврши фестивалот Денови на комедија во Куманово

    Поради скратена програна, оваа година на фестивалот беа прикажани осум претстави на театри од земјава и гости од Србија, Босна и Херцеговина и Бугарија.

     - Во овие услови успејавме да не ја прекимене традицијата и да го одржиме фестивалот. Презадоволни сме од организацијата, претставите и публиката. Да се заблагодарам на сите кои ни дадоа поддршка и имаа разбирање во овие околности, а да се извинам на оние коишто немаа можност да дојдат до билет и на бидат на фестивалот. Се надевам дека до догодина ќе се надмине здравствената криза и во нормални услови ќе го организираме наредниот фестивалот, - изјави Сашо Тодоровски, директор на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“.  

    Поради мерките за заштита од коронавирус, фестивалот го посетиа околу 1000 посетители, наместо 10.000 како што беше другите години. Во салата беа само 100 гледачи од 670 места. Оваа година билетите беа поделени бесплатно со онлајн пријавување на страницата на Центарот за култура.

    Претставата „Човек, sвер и доблест“ на Театар Комедија од Скопје, според публиката е најдобра претстава на Денови на комедијата 2020 во Куманово.

    Фестивалот годинава се организираше по 23 пат.