Заврши истражувањето на Градиште
Заврши истражувањето на локалитетот Градиште, кај село Младо Нагоричане што го вршеа кумановските археолози во соработка со стручните лица од Иститутот за историја и археологија од Филозофскиот факултет од Скопје.

Во наредниот период ќе следи обработка на пронајдениот материјал и негово документирање.
Локалитетот е важен за македонската археологија затоа што веројатно претставува најсеверната точка до каде што се констатирани медитеранските, хеленистички елементи на културата и додека не се откри Градиште, никој не претпоставуваше дека на овој дел од Македонија се живеело толку цивилизирано во палати со столбови кои што се во стилот со оние кои се наоѓаат во Егејот,- изјави Дејан Ѓорѓиевски, археолог и директор на Кумановскиот музеј.
Локалитетот Градиште во Младо Нагоричане првпат е откриен пред околу 30 години, а во последните четири години откриени се делови од градби, кои најверојатно припаѓале на луксузна резиденција или палата, која датира од 4 век п.н.е. Пронајдена е и богата декоративна камена пластика и капители од јонски столбови.