×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Заврши летниот ликовен камп „АСНОМ“

    22.06.2017 14:29 | KumanovoNews

    Над 150 дела во различни техники изработија учесниците на Летниот ликовен камп „АСНОМ“, кој траеше четири дена во комплексот „Етно село“ покрај Куманово.

    Заврши летниот ликовен камп „АСНОМ“

    На затворањето на учениците и професорите по ликовна уметност, им беа доделени благодарници и признанија за учеството.

     „Продукцијата од година во година е подобра исто како и квалитетот. Тоа е наша желба да ги потикнеме најмладите да ја негуваат уметноста и да ја продолжиме традицијата, – изјави Нино Величковски, директор на Фондацијата за култура и спорт, организатор на кампот.

     Градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски, потсети дека општината има богата традиција во организација на колонии, на кои присуствуваат реномирани ликовни уметници од земјава и странство.

     „Колониите „Карпино“, „Прохор Пчински“, „Пелинце“, „Матејче“, значи има повеќе локации зависно од историските моменти и младинскиот ликовен камп. Делата ќе бидат понудени на продажна изложба, а собраните средства ќе бидат донирани на дневните центри. Кампот е извор на талентите од градот во ликовната уметност и ќе продолжиме да го поддржуваме,- изјави Дамјановски.

    На кампот учествуваат над 40 ученици од основните училишта и корисници на дневниот центар „Порака наша“ и Центарот за лица со пореченост до 18 години и се одржува по седми пат.