×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Заврши поправката на кровот на „Браќа Миладиновци“ и „Крсте Мисирков“, учениците се вратија во своето училиште

    22.01.2024 10:48 | Оливера Пешевска

    Второто полугодие од учебната 2023/2024 учениците на „Браќа Миладиновци“ и „Крсте Мисирков“ го започнаа во матичната зграда по санацијата на кровот и училниците на третиот кат во училиштето.

    Заврши поправката на кровот на „Браќа Миладиновци“ и „Крсте Мисирков“, учениците се вратија во своето училиште

     Реконструкцијата започна на крајот на минатата учебна година и заврши во рок, иако одговорните во училиштата се надеваа дека од 1 септември ќе можат да ги користат сите простории на училиштето.

    Освен што целосно е реконструиран и заменет кровот, на најгорниот спрат и двете крила целосна е заменета електричната инсталација, ставена е нова цокла, бојадисани се сите простории.

    „Имавме дождлива пролет минатата година, потоа скоро цел јули беа на сила препораките на владата за заштита на населението од топлотниот бран и изгубивме многу време.За среќа сега кога ги прибравме децата и започнавме редовно да работиме во нашите простории сите проблеми се забораваат. Има уште работа, но за тоа потоа“,  истакна Јасмина Спасовска, директорка на ООУ „Браќа Миладиновци“.

    Раководството на училиштата аплицира со проекти до Министерството за образование и наука и Владата и за други проекти- би сакале да постават фотоволтаици на кровот, планираат реновирање на тоалетите и замена на електричната инсталација и на пониските 2 спрата од зградата.

    За изведените градежни работи владата издвои повеќе од 14 милиони денари, додека општински пари беа вложени во внатрешно средување на објектот.  

    Проблемот со протекување на кровот се провлекуваше две години, но на почетокот на минатата учебна година немаше услови да се изведува настава, поради што учениците се премесија во Гимназијата „Гоце Делчев“, заради непречено одвивање на воспитно-образовниот процес.

    Во двете училишта „Крсте Мисирков“ и „Браќа Миладиновци“ запишани се над 2.500 ученици и тоа се најголемите основни училишта во градот.