×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Заврши Меѓународната ликовна колонија „Карпино 2021“

    10.09.2021 06:58 | Сузана Николиќ

    Единаесет ликовни уметници од Македонија и Србија учествуваа на Меѓународна ликовна колонија „Карпино 2021“, која шест дена траеше во комплексот „Грација“ во Куманово. Колонијата по 19. пат ја организираше Мултимедијалниот центар „Карпино“, а уметниците твореа на слободна тема, иако за поголем дел од нив инспирација беше Карпинскиот манастир.

    Заврши Меѓународната ликовна колонија „Карпино 2021“

    „Од 2 до 8 септември со почитување на сите мерки и протоколи се одржа Меѓународната ликовна колонија „Карпино 2021“. На колонијата беа изработени дваесетина дела во акрилна и комбинирана техника. Еден дел од учесниците работеа во домашни услови, додека останатите во ресторан Грација. Во текот на одржувањена колонијата уметниците имаа можност да ја посетат црквата Св.Никола, споменикот Зебрњак и црвата „Св. Ѓорѓи“ во Старо Нагоричане “, изјави уметничкиот директор на колонијата, Мики Трендафиловски.

    На колонијата учествуваа уметници од Скопје, Кочани, Крива Паланка, Свети Николе, Врање и Куманово, и тоа: Емилија и Стојче Тоциновски, Елизабета Зафирова Стојанова, Гроздан Крстевски, Маја Ефтимова Стојанова, Милена Тошиќ, Александар Стефановски, Христина Стојчевска, Зоран Арсовски Бабата, Далибор Јованивски и Дејан Арсовски Бабата.

    На затворањето на колонијата претседателот на Мулти медијалниот центар „Карпино“ Зоран Павловски, на сите учесници им додели благодарници.