×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Здравствените работници заболени од коронавирус сами го плаќаат лекувањето, а ќе добијат и помали плати

    30.04.2020 13:37 | KumanovoNews

    Здравствените работници од Куманово, кои се заразени од коронавирус се жалат дека ќе добијат помали плати од овој месец, затоа што КОВИД-19 не е професионално заболување.

    Здравствените работници заболени од коронавирус сами го плаќаат лекувањето, а ќе добијат и помали плати

    Деновиве сите добиле известување од службите на здравствените институции да достават боледувања од матичен лекар, за да им се направи пресметка на платата. Тоа ги погоди здравствените работници, затоа што сметаат дека се обесправени, прво затоа што мораат самите да ги плаќаат лекувањето, купуваат лекови и витамини, а згора на тоа и ќе добијат помала плата, иако заболувањето го добиле на работните места.

     - Како спиете Вие од Фондот за здравство кога донесувате вакви одлуки во смисла дека ова не е мое заболување стекнато на работа, дека јас треба да плаќам партиципација за лекување во болница и за лабораторија, дека треба да ми ја скратите платата, а од ова заболување јас 2 месеци скоро ќе седам дома. Нема и да дежурам, а дежурствата се голем додаток на нашата основна плата. А пневмонијата и стресот ми се гратис награда. Како спиете кога донесувате одлука дека ова не ми е професионална болест и не треба да ми надоместите? А гледам ми се одбива од платата за професионална болест. Како спиете Вие од Уставен суд кога мислите дека не треба да ја исправите и оваа неправда за здравствените работници. Според сите Вас треба да бидам казнета јас и сите ние што сме помагале на болен од кој сме се разболеле. Поради немоќта за неправдата која ја гледам , ја сум под континуиран стрес, - напиша докторката Гордана Николиќ, една од првите заболени здравствени работници во градот.

    Во Куманово околу 80 здравствени работници од јавното и приватното здравство се заразија од коронавирус, и тие очекуваат Министерството за здравство да ја смени одлуката.