×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Здравствените работници заболени од КОВИД-19 ќе добијат цела плата, кажа Филипче

    30.04.2020 16:09 | KumanovoNews

    Најдено е решение за двата проблеми на здравствените работници, коишто се заразија со коронавирус на работното место, па мораа сами да го плаќаат лекувањето, а заради користење на боледување требаше да им се намали платата.

    Здравствените работници заболени од КОВИД-19 ќе добијат цела плата, кажа Филипче

    - Најдено е решение во однос на боледувањето  тоа ќе се имплементира преку измена во правилникот во Министерството за труд и социјална политика, каде целосно ќе биде покриена плата. Најпрво од работодавецот првиот месец, а потоа од Фондот. Кај сите здравствени работници коишто се заболени од оваа болест, ќе се третира како професионално заболување, - изјави министерот Венко Филипче.

    Во однос на партиципацијатата за лекувањето, министерот најави решение за следната недела.

    Единствено можно решение беше преку измената во програмата за партиципација, во рамки на Министерството за здравство и ние тоа ќе го направиме во текот на следната недела. Значи за двата проблеми, најдовме решение. Едното е спремно, другото следната недела, - изјави Филипче.

    Здравствените работници се пожалија дека поради тоа што КОВИД-19 не е професионално заболување, тие ќе добијат пониска плата, а пред тоа сами си ги покриле трошоците за лекувањето, иако болеста ја добиле на работа додека помагале на заболени пациенти.