×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Земјоделците можат да аплицираат за субвенции до 31 јули

    07.07.2020 09:51 | KumanovoNews

    Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, информира дека од денеска, сите корисници на финансиска поддршка во земјоделството, можат да аплицираат за добивање на субвенции за земјоделството.

    Земјоделците можат да аплицираат за субвенции до 31 јули

    Крајниот рок за доставување на барањата е до 31 јули 2020 година.

    „Во овој период ќе се поднесуваат барања за директни плаќања за растително производство и тоа за поледелски и градинарски култури, лозови и овошни насади. Исто така до крај на месецот барање за добивање на финансиска поддршка може да достават и сите кои се занимаваат со сточарско производство, односно, одгледуваат говеда, овци, кози, пчели свињи а може да се аплицира и за финансиска поддршка за  заклани животни во кланица“, соопштуваат во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

    Барањата за добивање на финансиска поддршка се поднесуваат по електронски пат, самостојно од страна на барателите со регистрирање во системот  на веб страна на Агенцијата www.ipardpa.gov.mk. Оние земјоделци кои не знаат сами да поднесат барања или имаат потреба од помош при создавање на електронски барања, можат да се обратат во  Подрачните единици на Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство.

    Оттаму апелираат при барање на помош од страна на вработените во Подрачните единици, барателите да користат заштитни маски и средства за дизинфекција, се` со цел превенција и заштита од вирусот ковид- 19.

    „Апликантите пред да ги потпишат поднесените барања, да направат проверка, дали сите мерки и култури им се впишани. Доколку апликантите увидат дека направиле пропуст или пак внеле погрешни податоци или увидат потреба од измена заради не соодвествување со фактичката состојба, барањето може да го повлечат или да ги изменат во рок од 30 дена од денот на поднесувањето“, соопштуваат.

    Со цел да се спречат вообичаените гужви, ќе се изготват списоци по азбучен ред. Онаму каде што има потреба ќе се воведе двосменско работење, вработените ќе функционираат во тимови со цел да се спречи појава на ковид – 19 и да се редуцира бројот на оператори во одреден простор  како и бројот на апликанти. За работа во смени помеѓу првата и втората смена ќе има празен период од половина час за да се избегне контакт меѓу двете смени и просториите да може да се дезинфицираат.

    „Како и досега, пари за субвенции за земјоделетвото има. На сите кои ги исполнуваат  условите за користење на оваа поддршка а соглсно календарот за исплати во еден ден и без селекција им се исплаќаат парите.Така ќе продолжиме и во иднина. Агенцијата, заедно со МЗШВ и Владата, како и досега и во иднина  ќе продолжи да креира мерки со кои директно ќе влијаеме во развој и модернизирање на домашниот агро сектор а со тоа и на намалување на производните трошоци и зголемување на домашно произведени земјоделски производи“, соопштуваат од Министерството.

    (Ф.Марковска)