Земјотрес во Корча почувствуван и во земјава
Земјотрес со јачина од 3,6 степени според Рихтеровата скала го погоди градот Корча, кој се наоѓа непосредно до границата со Македонија. Епицентарот бил на 7 километри северозападно од Корча во 17:35 часот по македонско време.

„Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес 30.5.2020 година во 17 часот и 35 минути, регистрира земјотрес чии епицентар се наоѓа 165 km југозападно од Скопје во соседна Република Албанија, а потекнува од пограничното епицентрално подрачје Корча. Земјотресот имаше локална Рихтерова магнитуда ML3.5, а беше почувствуван од населението на нашата земја, особено во југозападните делови со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала“, соопштуваат од Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.