Мени

Земјотрес во Урошевац, почувствуван и во Скопје и околината

15.12.2025 09:49 | KumanovoNews

Утрово во 7,20 часот Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје регистрираше земјотрес чиј епицентар потекнува од пограничното епицентрално подрачје Урошевац, на 142 км северно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML3,3.

Земјотрес во Урошевац, почувствуван и во Скопје и околината

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Скопје и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.