Земјотрес во скопското подрачје, почувствуван и во Куманово
06.01.2023 19:35
| Сузана Николиќ
Земјотрес чиј епицентар припаѓа на скопското епицентрално подрачје, е регистриран попладнево во 16.51 часот, соопшти Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е со Рихтерова локална магнитуда ML 2,8 и интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала, а беше почувствуван од населението во Скопје и околината.
Земјотресот бил почувствувам и во Кумановско.
(Извор. Плусинфо)