Мени

Жена од Кумановско пријавила сомнителна смрт на својот брат во полиција

06.03.2026 22:20 | KumanovoNews

Жена од кумановското село Довезенце пријавила во полиција сомнителни околности околу смртта на нејзиниот брат, за која се сомнева дека не настапила од природни причини.

Жена од Кумановско пријавила сомнителна смрт на својот брат во полиција

Како што информира МВР, на 5 март во 14 часот во СВР Куманово, Д.Е. (50) од село Довезенце пријавила дека на 31 декември минатата година околу 22 часот била известена од една од нејзините сестри дека нивниот брат М.П. (60) починал во неговиот дом во селото. Тој живеел со својот татко и со партнерката А.Р. од село Младо Нагоричане.

Според пријавата, таа заедно со уште една сестра и зет отишле во домот во селото каде што го затекнале починат на кревет.

Од телефонот на починатиот, околу 20:30 часот на истиот ден, била повикана Итна медицинска помош, која констатирала смрт, додека неговата партнерка била пренесена во болница бидејќи ѝ се слошило.

Пријавителката навела дека од Итната медицинска помош во СВР Куманово не било пријавено починато лице, а потврдата за смрт не им била издадена истиот ден кога била констатирана смртта, туку следниот ден, на 1 јануари, по нејзино инсистирање.

Таа исто така изразила сомнеж дека нејзиниот брат можеби бил отруен.

Од полицијата информираат дека се работи на расчистување на случајот.