×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Жените на велосипед, со силна порака против загадувањето

    25.09.2019 11:34 | KumanovoNews

    „Градот да мириса на нашите парфеми, не на издувни гасови“, беше мотото на педесетина жени, кои викендов возеа велосипеди низ улиците на Скопје, на Денот без автомобили, како дел од огранизација на Fancy Woman Bike Ride.

    Жените на велосипед, со силна порака против загадувањето

    Оваа година во сто града низ светот, вклучувајќи го и градот Скопје, жените испратија силна порака за родовова и интелектуална еднаквост. Со впечатливо украсени велосипеди и убави фустани, жените покажаа дека не само што „можат да бидат убави“, туку можат и да бидат општествено ангажирани.

    „Целта ни е што повеќе обични жени да бидат мотивирани да го користат велосипедот како превозно средство, каде освен спортскиот велосипедизам, ние „обичните“ жени, беа разлика дали сме вработени или невработени, без разлика на нашата вера и националност, заедно да ја подржуваме каузата за заштита на животната средина и да промовираме здрав начин на комуникација. Условот за учество на овој настан се само насмеаните лица на луѓето“,- вели Александра Станковска, организаторката на настанот во Скопје.

    Оваа година, настанот се одвиваше во околината на градскиот парк, но во наредната година, Александра вели, дека планираат да возат по главните улици во Скопје.

    "Како млада девојка ми беше задоволство да бидам дел од вакво фенси возење. Силно е чувството да се вози помеѓу жени, на ист ден, знаејки дека и во други градови се вози без предрасуди. Секој може да се облече како се чувствува тој ден, со штикли, со патики до кратки фустанчиња, важно е само да се биде дел и да се покаже дека без женскиот пол сообраќајот не  функционира како што треба",- раскажува учесничката Џемилиана Абдулова, од  Ромски културен и медиа центар "Бариканипе".

     Се започнало на 22 септември во 2013 година, кога Селма Гур од Измир, преку ФБ настан, кој во Измир предизвикал многу позитивни реакции.