Мени

Зет убил дедо и го ранил шурата

28.07.2015 10:01 | KumanovoNews

 Едно лице е убиено, а друго тешко повредено во престрелка во населбата Тоде Мендол.

Зет убил дедо и го ранил шурата

 Според неофицијални информации вооружениот инцидент се случила по 11.15 часот на улицата Тоде Мендол број 140.  Поради семејна расправија, зет го убил таткото на сопругата, а тешко го повредил нејзиниот брат.  Од повредите дедото починал на самото место, додека шурата е пренесен во Кумановската болница.

Од полицијата потврдија дека имало пукање во населбата, но не даваат информација дали има убиени и повредени.