Зголемен сообраќај надвор од градските средини
Сообраќајот на државните патишта се одвива пo суви коловози, а интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

На граничниот премин Богородица, за излез од државата се чека околу 30 минути. На граничниот премин Дојран, за излез од државата се чека околу 15-30 минути. На останатите гранични премини нема подолги задржувања. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.
На магистралниот пат А2 патен правец Кичево – Охрид (Пресека – Врбјани) поради изведување градежни работи (минирање) на 24.07.2017 (понеделник) помеѓу 13:00 и 15:00 часот сообраќајот ќе биде во прекин околу 15 минути.
Изменет режим на сообраќајима на патниот правец Неготино - Демир Капија, на делот од Неготино до м.в.Острово,сообраќајот се одвива по дел од новиот автопат во должина од 4 км. По овој дел сообраќајот пак се враќа на магистралниот пат Р103.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Поголема внимателност е потребна низ клисурите и засеците, каде што е можна појава на одрони.