Зголемена потрошувачка на вода во Старо Нагоричане
Зголемена е потрошувачката на вода летово во општина Старо Нагоричане, потврдуваат од јавното комунално претпријатије “Козјак“.

Месечно во просек едно домаќинство троши над 30 метри кубни вода, што е двојно повеќе од лани истиот период.
“Системите се стабилни, проблеми со водоснабдување нема, и дефекти имаме многу малку односно се работи за некоја незначителна бројка. Водата за пиење е исправна, за што добивме и потврда деновиве од Центарот за јавно здравје Куманово“- вели Борко Соколовиќ, директор на “Козјак“.
Вообичаено во летниот период поради високите температури, жителите имаат поголема потреба од вода што резултира со зголемена потрошувачка.