Зимскиот распуст ќе трае до 23 јануари, наместо до 18, одлучи Владата
10.01.2023 17:31
| KumanovoNews
Второто полугодие од учебната 2022/23 година наместо на 18 јануари ќе започне на 23 јануари (понеделник) со физичко присуство за сите ученици, одлучи Владата на денешната седница.

Министерството за образование и наука и предложи на Владата да се продолжи зимскиот распуст на учениците.
„Во образложението од Министерството за образование и наука е наведено дека зимскиот распуст се продолжува поради заштеда на греење и заштита на здравјето на учениците“, соопшти Владата.