Жител на Агино село во нива пронашиол неексплодирани артилериски гранати
11.04.2021 17:32
| KumanovoNews
Б.С.(46) од с.Агино село, кумановско, вчера во 16.30 часот пријавил дека при вршење земјоделски работи на негова нива во место викано „Прогон“, во атар на Агино село, пронашол две стари неексплодирани артилериски гранати 75 мм од Втората светска војна.

Увид извршила увидна екипа од СВР Куманово, а гранатите се безбедно подигнати од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување и предадени за понатамошна постапка.