Жител на Гошинце вршел превоз на огревно дрво без лиценца
19.12.2019 19:34
| KumanovoNews
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против Д.О.(46) од с.Гошинце, Општина Липково, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца“.

На 15.09.2019 на локален пат Куманово - с.Липково, пријавениот без регистрирана дејност, во својство на физичко лице, со товарно возило „мерцедес“ во негова сопственост, вршел јавен превоз на огревно дрво без лиценца.