Кумановец измамен за 500 евра со фалсификувани банкноти
13.04.2022 09:13
| Сузана Николиќ
Во СВР Куманово, синоќа во 21 часот, 21-годишен маж од кумановско село пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 500 евра.

Според пријавеното, лицето му понудило да му размени 500 евра, по што тој му дал денари, а при размената лицето му дало фалсификувана банкнота.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.