Жител на Лопате злоупотребил податоци на тетовец на Фејсбук
02.12.2019 15:40
| KumanovoNews
СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.К.(30) од с.Лопате, кумановско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“.

На 22.08.2019 оштетениот Н.Ф. на социјалната мрежа Фејсбук примил порака дека неговиот профил, кој претходно бил деактивиран, станал активен од 16.08.2019.
По преземени мерки било констатирано дека пријавениот ги злоупотребил податоците.