Жител на Отља загина откако го затрупа земја во резервоар за вода
22.03.2020 12:46
| KumanovoNews
Жител на липковското село Отља загина откако го затрупа земја во резервоар за вода на кој работел.
Несреќата се случила вчера во 14,30 часот, во месноста викана „Краиште“, додека А.С.(70) од с.Отља, работел на санација на резервоар за вода што го користел за сопствени потреби. Влегол во ископот длабок околу четири метри, при што бил затрупан од одрон од земја и починал.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР-Куманово.
По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на семејството.

