Жител на Пчиња загина во пожар во куќа
06.01.2020 14:23
| KumanovoNews
Едно лице загина во голем пожар што утринава настанал во куќа во селото Пчиња.

Според МВР, околу 04.00 часот во СВР Куманово било пријавено дека гори куќа, сопственост на Б.Ј.(78) во с.Пчиња, кумановско.
Полициските службеници излегле на местото и Б.Ј. бил пронајден починат.
Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Куманово, а увид на местото извршила екипа од СВР Куманово.
Пожарот бил изгаснат околу 11 часот.