×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Жител на Слупчане доби притвор затоа што нападнал полицаец

    01.10.2019 10:13 | KumanovoNews

    Триесет и двегодишен жител на селото Слупчане, Липковско заврши во притвор, откако пред два дена нападнал полицаец кој се обидел да го приведе.

    Жител на Слупчане доби притвор затоа што нападнал полицаец

    „Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против 32-годишен жител на сeло Слупчане, Липково, поради основано сомнение дека извршил кривично дело  – напад врз службено лице при вршење работи.

     Осомничениот на 29 минатиот месец со употреба на опасно орудие нападнал службено лице-полицаец и при тоа телесно го повредил. Полицаецот бил во состав на мото патрола, упатена да го пронајде и приведе осомничениот во полициска станица. Во моментот кога службените лица го пронашле и презеле дејствија за приведување, осомничениот го нападнал полицискиот службеник со метална шипка и му нанел повреда во пределот на стомакот.

     Во насока на обезбедување услови за непречено одвивање на кривичната постапка, надлежниот обвинител достави предлог до Основниот суд Куманово за определување на мерка притвор за осомничениот. Судот по спроведена постапка донесе Решение со кое на осомничениот му е определен притвор во траење од 8 дена“, велат од Обвинителството.