Жител на Виштица вршел јавен превоз без лиценца
08.04.2021 14:56
| KumanovoNews
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против Р.А.(27) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца“.

На 24.11.2020 во с.Виштица, општина Липково, пријавениот, во својство на физичко лице, со товарно возило „мерцедес“, сопственост на С.А., вршел јавен превоз на огревни дрва со испратница издадена од фирма од с.Гошинце, општина Липково, без да поседува лиценца за јавен превоз издадена од Министерство за транспорт и врски.