На партиски собир во Алгуња се степале жители на Свети Николе
16.04.2024 11:53
| Теодора Стоевска
На партиски собир во кумановското село Алгуња нападнат е 44-годише жител на Свети Николе од негов сограѓанин.

„На 14. април во 21.30 часот во Полициското одделение Старо Нагоричане, Б.Т. (44) од Свети Николе пријавил дека во село Алгуња, општина Старо Нагоричане, додека бил на партиски собир бил физички нападнат од Г.Т. од Свети Николе“, стои во соопштението на МВР.
Оттаму информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.