Жители на Тоде Мендол побарале психолошка помош
15.07.2015 12:44
| KumanovoNews
Неколку жители на населбата Тоде Мендол, се пријавија за психолошка помош во Црвен Крст Куманово.
Денеска ќе почнат да работат со стручно лице психолог, и по Рамазан , следниот петок повторно ќе имаат сеанса. Од Црвен Крст велат дека оваа помош е претежно за младите лица на возраст до 15 или 20 години, кои претрпеа стресови при вооружените дејствија на 9 и 10 мај во Куманово, кога полицијата спроведе акција против косовска терористичка група.
“Првите луѓе се пријавија и очекуваме понатаму да се ослободат, и уште некој да се пријави. Бесплатна психолошка помош ќе има до крајот на летото“-рече Иле Митковски, секретар во Црвен Крст Куманово.
Со граѓаните од Тоде Мендол ќе работат двајца психолози од Гешталт институтот од Скопје.

