×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Знамето на јарболот во центарот на градот е цело испокинато, посочува ВМРО-ДПМНЕ

    23.08.2017 14:25 | KumanovoNews

    ВМРО-ДПМНЕ бара локалната самоуправа да го смени знамето на јарболот во центарот на Куманово, бидејќи е скинато и секој момент може да падне.

    Знамето на јарболот во центарот на градот е цело испокинато, посочува ВМРО-ДПМНЕ

    „Како што можеме да видиме државното знаме, знамето на Република Македонија, на јарболот во Куманово е во многу лоша состојба. Веќе неколку дена сведоци сме како знамето се вее цело испокинато и прашање е на време кога ќе падне од јарболот.

    Несфатливо е како до сега, оваа срамна слика остана незабележана од страна на локалната власт и од централните институции надлежни за одржување на јарболите со државното знаме. Срамно е да не се реагира на време и да се обнови знамето, освен доколку е во прашање некоја порака што сакаат да ја пратат со искинатото знаме на граѓаните на Куманово, - изјави Срѓан Ивановски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

    Тој ги повика надлежните локални служби да интервенираат и да го вратат знамето на вистинското место, највисоко и целосно развиорено.

    Државното знаме поставено на јарболот во центарот на градот, на 31 март годинава беше тргнато од неколку насилници кои на негово место подигнаа знаме на туѓа држава. Еден ден по инцидентот ново знаме на Република Македонија беше поставено на јарболот, но за неколку месеци ткаенината се искина  и ја изгуби бојата.