Знамињата на половина копје - Ден на жалост во Куманово
25.02.2020 10:53
| KumanovoNews
Во Куманово денеска е Ден на жалост, поради трагедијата во Романовце, кога од експолизја на плинска боца загинаа четири лица, а уште шест се во тешка здравствена состојба и се борат за живот на Скопските клиники.

Знамињата во градот се на половина копје, а откажани се сите јавни настани, културни и спортски манифестации во Општината.
Локалната самоуправа и Советот на Општина Куманово, најавија помош за семејствата Алими и Сакипи.