×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ЗНМ и ССНМ: Професионалното новинарство е јавно добро кое не смее да се ограничи

    03.05.2020 14:10 | KumanovoNews

     Одбележувајќи го Светскиот ден за слобода на медиумите – 3 Mај, денес, повеќе од кога и да е претходно стана јасно значењето на независното и професионално новинарство. Кризата предизвикана од Ковид-19 пандемијата ги исфрли на врвот предусловите за функционална демократија а тоа е дека новинарството мора да се третира како јавно добро, а протокот на информациите не смее да биде ограничен.

    ЗНМ и ССНМ: Професионалното новинарство е јавно добро кое не смее да се ограничи

    Одговорното и професионално новинарство токму во оваа кризна ситуација се покажа како клучно во насока на информирање на граѓаните. Затоа, Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници и Здружението на новинари на Македонија, повикуваат на солидарност и поддршка, пред се од јавноста, за новинарите и медиумските работници кои во последните два месеци се соочуваат со големи здравствени, безбедносни, финансиски, но и етички предизвици, во обидот правилно и навремено да ја информираат јавноста за случувањата поврзани со КОВИД-19 пандемијата.

    „Потсетуваме дека борбата против дезинформациите кои се покажаа како особено штетни во вакви предизвикувачки времиња е можна само со производство на објективни и точни информации и транспарентна работа на Владата и на другите јавни институции. Ја потенцираме изјавата за слобода на изразување и информирање во време на криза од Комитетот на експерти за медиумска средина и реформи при Советот на Европа во која се истакнува улогата на професионалното новинарство и независните медиуми, потребата од „специјално внимание на обезбедување соодветни услови за работа на новинарите, вклучувајќи и медицинска заштита за секоја задача поврзана со коронавирусот“, - соопштуваат од ЗНМ и ССНМ.

    Според извештајот на „Репортери без граници“ за слобода на медиумите, Македонија се наоѓа на 92. место, што иако е мал напредок, сеуште е разочарувачка позиција.

    Затоа потсетуваме на нашите минатогодишни барања по повод Светскиот ден за слобода на медиуми, а тоа се темелни реформи на медиумскиот сектор во државата со цел воспоставување услови за работа на новинарите и медиумските работници преку кои би се создал амбиент за извршување на нивните работни задачи без притисоци, уцени и загриженост за нивната економско-социјална состојба.

    Потенцираме дека најавените намалувања на плати, или намалување на кадарот во некои медиуми е недозволиво, особено во услови кога повеќе од кога било е потребно новинарството и медиумите да ја играат својата улога на чувар на јавниот интерес. Без слобода на изразување, независни и критички медиуми не е можно воспоставување на функционална демократија, но и надминување на кризи како актуелната пандемија.