Зоран Павловски државен секретар во Министерството за економија
Зоран Павловски од Куманово, денеска е именуван за државен секретар во Министерството за економија.

Павловски е член на највисоките партиски тела на ЛДП и долгогодишен претседател на општинската организација во Куманово.
Доаѓа од позицијата раководител на сектор за администрирање на приходи, локален економски развој и стратешко планирање во Општина Куманово, со искуство во развој на локална економија, поддршка во развој на мали и средни претпријатија, претприемништво, туризам, занаетчиство и угостителство.
Новиот државен секретар првенствено ќе се залага за зголемена поддршка на мали и средни бизниси, релаксирање на законската регулатива со намалување на парафискални даноци и надоместоци, еднакви услови за домашните и странски компании, како и за зголемување на конкурентноста на малите и средни претпријатија.