Прием во Општината за борците и поранешните градоначалници Борци, поранешни градоначалници, претставници од МВР, армиски и полициски ветерани, денеска беа на прием во општина Куманово по повод утрешниот празник 11 Ноември - Денот на ослободувањето на градот.
Изложба “70 години слободно Куманово“ Во Уметничката галерија утре во 13 часот ќе биде отворена изложбата “70 години слободно Куманово“.
Старо Нагоричане го слави Денот на ослободувањето Општина Старо Нагоричане со низа активности ќе го прослави 11 Ноември - Денот на ослободувањето.
Автобус усмрти пешак на патот Крива Паланка - Куманово Милан С.(76) од село Конопница утрово загина на магистралниот пат Крива Паланка - Куманово, откако во него удрил капак од багажник на автобус .
Вработените на “Макпетрол“ ќе даруваат крв На бензинската пумпа на “Макпетрол“ на излезот од градот, утре ќе се одржи крводарителска акција , организирана од Црвен Крст Куманово.
Жители на Липково и велешанец криумчареле мигранти Жители на селата Ваксинце и Лојане, и еден велешанец криумчареле мигранти.
Се одржа Црвениот ноемвриски марш низ кумановските улица Над илјада кумановци денеска излегоа на Црвениот ноемвриски марш, што по повод 70 години од ослободувањето на Куманово го организираше општинската организација на СДСМ.
Меѓународен риболовен куп “11 Ноември 2014“ На реката Пчиња, утре ќе се одржи Меѓународниот куп во спортско риболовство “11 Ноември 2014“, што го организира риболовно друштво “Пчиња“.
СДММ засади дрвца во населбата „Гоце Делчев„ Младите од СДСМ, заедно со вработените од јавното претпријатије “Чистота и зеленило“, денеска засадија зимзелени дрвца во местото викано “Кошеви“ во населбата „Гоце Делчев„.
Младите кумановци дискутираа за балканската историја “Балканската опседнатост со историјата и што да правиме со неа“, беше темата на која дискутираа повеќе млади кумановци, со цел да дознаат како историјата влијае на народите кои живеат на овие простори.
Се одржа Режановска празијада Во село Режановце денеска се дегустираа пити, колачи, режановска муќканица и други специјалитети од праз подготвени од вредните домаќинки од селото.
Меѓународен пинг - понг турнир за 11 Ноември Во спортската сала на Гимназијата “Гоце Делчев“, денеска, се одржува петтиот Меѓународен пинг - понг турнир, организиран од пинг-понгарскиот клуб “Куманово“ и општина Куманово.
“Панче Пешев“ настапи на Републичка смотра во Охрид Културно - уметничкото друштво “Панче Пешев„ учествуваше на Републичката смотра на фолклорните ансамбли на Македонија, која се одржа во Охрид.
Девет кумановски фирми не издавале фискални сметки Во 9 фирми во Куманово и Липково, во изминатите три дена, Управата за јавни приходи откри неправилности во фискалното работење .
Со фалсификувана диплома се вработила вo училиште Кумановка со лажно уверение за завршено високо образование се вработила како професорка во основно училиште во општина Липково.
СДСМ организира Црвен ноемвриски марш Општинската организација на СДСМ Куманово, во недела во 13 часот, ќе организира Црвен ноемвриски марш во центарот на градот по повод 70 години слободно Куманово.