Германка криумчарела марихуана и магични печурки Царинската управа поднесе кривична пријава против германска државјанка, затоа што се обидела да криумчари марихуана и магични печурки.
Занаетчии добија сертификати да примаат чираци Шеснаесет кумановски занаетчии, денеска, добија сертификати од Занаетчиска комора на Македонија за завршена обука, со која им се овозможува да примаат чираци или ученици на пракса.
Сметководителка фалсификувала потпис Сметководителка од Куманово, неовластено изготвувала налози со фалсификуван потпис на управителот на фирмата, за која водела сметководствени услуги.
Ревија на кумановска градска мода во Скопје Ревијата “Модните трендови - културата на живеење од ала франга до современата мода“, проект на Музеј Куманово, утре во 19 часот ќе се прикаже во Музејот на македонската борба во Скопје.
Ликовна колонија во „Бајрам Шабани„ Основци од повеќе кумановски училишта, денеска, изработуваат скулптури во просториите на основното училиште “Бајрам Шабани“.
Ученици од Крушевац на гости кај гимназијалците Ученици и професори од училиште од српскиот град Крушевац на 9 ноември ќе пристигнат во Куманово и ќе бидат гости на Гимназија “Гоце Делчев“.
Вечер посветена на Трајко Прокопиев Во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ утре во 19.30 часот ќе се одржи Вечер посветена на Трајко Прокопиев.
Фото кино клуб “Козјак“ организира филмска школа Во просториите на Фото кино клуб “Козјак“ во Народна техника, утре во 19 часот ќе почне петата филмската школа.
Од ребалансот најмногу ќе трпат улиците и базенот Со ребалансот на општинскиот буџет најмногу средства се скратуваат од фондот за изградба на улици и затворениот базен, а потоа и од културата, спортот, платите...
Петнаесет предлози за Ноемвриска награда До општинската Комисија за доделување на награди и признанија и одбележување на празници и манифестации, доставени се петнаесет предлози за Ноемвриска награда.
Верижен судир на наплатната рампа Романовце Верижен судир на четири возила се случил вчера попладне на автопатот Скопје-Куманово, кај наплатната рампа Романовце.
Прегледи и предавања за Светскиот ден на дијабетесот Здружение на дијабетичари Куманово, неделава ќе организира повеќе активности по повод одбележувањето на 14 ноември - Светскиот ден на дијабетесот.
Евгенија Чанчалова ќе пее на Избор на песна за Евровизија Кумановката Евгенија Чанчалова(20), на 12 ноември ќе пее на Скопски фестивал каде ќе се избира песна за на Евровизија.
Да се изврши зимско прскање на овоштарниците За заштита од штетници треба да се изврши зимско прскање на овоштарници со бакарни препарати, а како превентивна мерка може да се вароса стеблото на дрвцата.
Запленети штеки цигари на Табановце Четириесет и девет штеки цигари, со македонски акцизни маркички, викендов се откриени на граничен премин Табановце.
Кумановци останаа верни на „Екста меин„ Кумановци останаа верни на “Екстра меин“, и покрај тврдењата дека во оваа фабрика за преработка на месо е пронајдена бактеријата листерија.