Благодарност за сите кои помогнаа на полавените во регионот Хероите на градот се волонтерите од Црвениот Крст. Без нив не знам колку ќе успеевме. Тие пиеја вода од фонтаната, не сакаа да отворат од онаа вода што беше донирана за поплавените-велат организаторите на акцијата.
Намален морталитетот во Куманово и Липково, зголемен во Нагоричане Во трите општини повеќе умираат мажи од жените
Се забранува движење на камиони за викендите Од 1 јули стапува на сила измената на режимот на сообраќај на државните патишта и се забранува движење на камиони над 15 тони за викендите и во екстремно жешките денови.
Слободни места по првиот уписен рок во училиштата Во сите средни училишта во градот по првиот уписен рок останаа слободни места за упис на ученици во прва година.
Се бараат 385 работници во Куманово Во Куманово моментално има 385 слободни работни места за кои се бараат работници, покажуваат податоците на Државната агенција за вработување.
Липковската гимназија соработува со кратовско училиште Липковската гимназија “Исмет Јашари“ во рамки на проектот за меѓуетничката интеграција во образованието соработува со средното училиште “Митко Пенџуклиски“ од Кратово.
Промовирани две книги на Стефан Симиќ Младиот српски писател Стефан Симиќ, синоќа во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“, промовираше две книги.
Изложба на Валентина Илијевска во Битола Во Битолска Магаза при Завод и музеј Битола, утревечер во 20 часот ќе биде отворена изложба на графики од Валентина Илијевска.
“Се грижиме за топол дом“ во Старо Нагоричане Жителите на општина Старо Нагоричане можат да донираат покуќнина и со тоа да се вклучат во акцијата “Се грижиме за топол дом“, која ја спроведува Министерството за труд и социјална политика.
Пет директори добиа решенија Градоначалникот Зоран Дамјановски, денеска врачи решенија на пет директори, на јавни претпријатија и на една јавна установа во градот.
„Чистота„ го спрема „Пелинце„ По подолга пауза наскоро ќе започне со работа ресторанот во селото Пелинце, со кој стопанисува ЈП “Чистота и зеленило“.
Повеќе улици во градот без струја Снабдувањето со електрична енергија денеска ќе биде прекинато на повеќе улици во градот.
Промоција на “Одгласувања на човечкото“ од Стефан Симиќ Во фоајето на Центарот за култура “Трајко Прокопиев“, вечерва во 19 часот ќе биде промовирана книгата “Одгласувања на човечкото“ на Стефан Симиќ.
Хуманитарен собир за помош на Ивана Величковска На градскиот плоштад вечерва во организација на Црвен Крст ќе се оддржи хуманитарен собир за помош на Ивана Величковска, која боледува од леукемија.
Ученици подготвија туристички водич Учениците од техничкото училиште “Наце Буѓони“ заедно со учениците од “Коле Неделковски“ од Велес подготвија туристички водич во кој ги презентираат убавините на своите градови.
“Панче Пешев“ освои три награди во Косовска Митровица Културно - уметничкото друштво “Панче Пешев“ освои 3 први награди на 20 - от собир на културно творештво на Србија во Косовска Митровица.