Крводарителска акција во СДСМ
16.03.2015 09:51
| KumanovoNews
Општинската организација на СДСМ Куманово, утре организира традиционална крводарителска акција.

Членови и симпатизери на партијата ќе даруваат крв, во партиските простории во комитет од 12.30 до 18 часот. Се очекува да бидат собрани над 80 крвни единици. Оваа крводарителска акција е организирана во соработка со Црвен Крст Куманово.