Двајца загинати и тројца повредени на автопатот Куманово- Скопје кај Агино село
Две лица загинале, а тројца се повредени во сообраќајна несреќа на автопатот Куманово - Скопје кај Агино село.
Несреќата се случила околу 21:35 часот, во насока кон Скопје, во атар на с.Агино Село, помеѓу патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.М. (65) од Скопје и патничко возило „опел корса“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Н.(27) од Скопје.
На местото на настанот починале сопатниците од возилото опел корса В.Н.( 49) и Л.М.( 71) од Скопје. Л.Н. (48), сопатничка од возилото „опел корса“ се здобила со тешки телесни повреди, а сопатничката С. Н. ( 28) и Б.Н. (27) од Скопје се здобиле со телесни повреди и биле пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Увид извршила екипа од СВР Куманово, а по наредба на јавен обвинител, возачот на патничкото возило „мерцедес“ М.М. бил лишен од слобода и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.
На терен интервенирала и Противпожарната единица од Куманово.