“Професор Мијалковиќ“ прима нови ученици Ученичкиот дом “Професор Мијалковиќ„ го објави конкурсот за упис на нови ученици за наредната учебна година.
Во Старо Нагоричане ќе се прска против крлежи и комарци Во општина Старо Нагоричане вечерва по 22 часот ќе се спроведе терестичка дезинсекција, информираат од Центарот за јавно здравје Куманово.
Прогласени најдобрите ученици на генерацијата Здружението на просветни работници денеска ги прогласи учениците на генерација за 2013/14 година во основните и средни училишта во градот.
Отворена изложбата на арабески Во Уметничка галерија, денеска беше отворена изложбата “Арабеска на верски објекти во кумановско 16 - 19 век“, на авторот Славица Крстиќ, вработена во Музеј Куманово.
Базенот “Гарден“ ја отвори сезоната за капење Базенот “Гарден“ од завчера официјално започна со работа.
Кумановци ја потврдија својата хуманоста Големата сала на Центарот за култура Трајко Прокопиев, синоќа беше претесна да ги прими сите граѓани кои дојдоа да присуствуваат на хуманитарниот концерт за полавените подрачја во Србија, Босна и Херцеговина и Хрватска.
Македонски и бугарски наставници на обука во Куманово Наставници од Македонија и Бугарија, вклучени во прекуграничниот проект “Сите деца учат заедно“, наредните три дена во Куманово ќе посетуваат обука за работа со деца со пречки во развој.
Концерт на Градски детски хор Во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ утревечер во 19.30 часот, концерт ќе оддржи Градскиот детски хор.
“Ротари клуб“ организира крводарителска акција Во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“, утре ќе се оддржи крводарителска акција организирана од “Ротари клуб“ Куманово.
Задолжителна регистрација на е - даноци за годишните обврзници Даночните обврзници кои од годишни преминуваат во тримесечни ддв обврзници мора задолжително да се регистрираат во системот на е - даноци.
Еден каснат од змија оваа пролет На инфективното одделение при Општа болница Куманово има доволни количини на серум против змиски отров
“Т - Мобиле“ донираше 5.000 евра за “Порака наша“ Телекомуникациската компанија “Т - Мобиле“ денеска донираше 5.000 евра за Дневниот центар за лица со интелектуална попреченост “Порака наша“.
Во сообраќајка кај Туш двајца повредени В.Б.(38) возач на шкода октавиа и К.Д.(54) патник во минибус, полесно се повредени во сообраќајна несреќа што вчера попладне се случила на раскрсницата на булеварот Октомвриска револуција и улицата Ѓорче Петров, во близина на маркетот Туш.
Детски ликовен камп во Етно село Ученици од основните училишта наредната недела три дена ќе творат на “Детски ликовен камп“ во комплексот Етно село.
Анастасија Бојковска наградена за најдобра фотосторија Анастасија Бојковска, ученика во 3 година во средното техничко училиште “Наце Буѓони“ освои второ место во категорија најдобра фотографија/фотосторија на интернационалниот натпревар на млади репортери во кампањата “Помалку отпад“.