Jарбол во чест на бранителот Дејан Јакимовски
03.03.2015 09:12
| KumanovoNews
На Градските гробишта утре во 12 часот, ќе биде поставен седум метарски јарбол и македонско знаме, во чест на бранителот Дејан Јакимовски, кој загина во конфликтот во 2001 година.

Настанот го организираат резервните официри од Куманово. Членовите на организацијата ќе положат цвеќе на гробот на Јакимовски и ќе говорат за неговиот лик и дело.