Привршува чистењето на речните корита При крај е чистењето на речните корита во Општините Старо Нагоричане и Куманово, со што се намалува ризикот од излевање на водите тврдат од ДЗС.
Тече пријавувањето за млади лидери Mладите со високо образование до 5 јуни можат да се пријават за учество на 5 - та по ред Школа за млади лидери, која е под покровителство на претседателот Ѓорѓе Иванов.
Промовирана публикацијата “Соживот на дистанца“ Публикацијата “Соживот на дистанца„ во која се анализираат меѓуетничките односи во Куманово, денеска беше промовирана.
Планинарите од “Козјак“ се искачија на Плачковица Планинари од здружение спортско планинарски клуб “Козјак“ вчера го посетија планинарскиот дом “Џумаја“ на 1420 м надморска височина на планината Плачковица.
Општините да аплицираат за “Топол културен бран“ Општините во наредните петнаесетина дена можат да аплицираат на конкурсот на Министерството за култура за манифестацијата “Топол културен бран 2014„.
“Ултра„ освои 24 први места на два натпревари Балетското студио „Ултра„ викендов на државно првенство и на меѓународен натпревар во Скопје освои вкупно 24 први и 1 трето место.
Запалени смреки во Арбанашко Повеќе стебла смреки вчера се запалени во атарот на село Арбанашко на пат кон село Длабочица.
Странски волонтери донираа за загрозените во Србија и БИХ Десетина странски волонтери кои се на размена во “Стритс фестивал“ донираа вода за поплавените семејства во Србија и БИХ и организираа хепенинг на Градскиот плоштад за да ги мотивираат луѓето да донираат.
ЗНМ: Не го екстрадирајте Зоран Божиновски Здружението на новинарите на Македонија и Здружението на новинарите на Србија, бараат од Министерот за правда на Република Србија, Никола Селаковиќ да спречи екстрадирање на новинарот Зоран Божиновски во Република Македонија.
Над 2000 вработувања за четири месеци во Куманово Во првите четири месеци од 2014 година во Куманово се вработило 2291 лице.
На 24 мај ќе се прогласат учениците на генерација Здружението на просветни работници Куманово во соработка со локалната самоуправа, наредната недела ќе ги прогласи учениците на генерација од основните и средни училишта во градот.
Трка на мали велосипедисти Во Стариот градски парк, денеска се оддржа натпреварот “Мали велосидеписти“ за децата од градинка.
Се чистат речните корита со механизација Се чистат коритата на Пчиња и Крива Река на критичните места каде претходните години имаше излевања на водата.
Дете падна во бунар-извадено живо Пожарникар вразан со сајла се спуштил во бунарот длабок над пет метри и го извадил детето без повреди