“Ленче кумановче“ за Прочка во Кумановскиот театар
19.02.2015 14:34
| KumanovoNews
Во театар Куманово, утревечер во 19 часот, пензионерите ќе ја изведат претставата “Ленче кумановче„.

Традиционално за христијанскиот празник Прочка, пензионерите ја играат оваа претстава, а влезот ќе биде слободен. “Ленче кумановче“ е на кумановски дијалект, трае час и половина и е изведувана најмалку 20 пати во Куманово и градовите низ Македонија.