ЛДП: „Кумановци нека не гласаат ниту за змијата, ниту за магарето„ Со оваа порака членот на најтесното партиско раководство на Либералдемократската партија Ивица Боцевски ја отвори вчерашната промотивна трибина на изборната програма во Куманово.
Шегобијна разгледница По повод 1-Април Денот на шегата утре во 19.00 часот, Центарот за култура Трајко Прокопиев и здружението на пензионери организира Шегобијна разгледница.
Кај Младо Нагоричане загина момче во БМВ Предраг Гелевски (20) од Куманово загина, а Даниел Т.(25) и Роби М.(28) се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи претпладнето на магистралниот пат Куманово- Крива Паланка во близина на селото Младо Нагоричане.
Кумановец доби 5 години затвор за малолетничка проституција Дејан Ѓорѓевиќ од Куманово е осуден на 5 години затвор во Основниот суд во Штип кривично дело полов напад врз малолетник, кој не наполнил 14 години.
Општината ќе се развива преку обврзници Секретарот на Општината Оливер Спасовски се врати од еднонеделен престој од Хрватска, каде заедно со претставници од уште пет општини од Македонија присуствуваше на обука за издавање на општински обврзници.
ЛДП ќе ја претстави изборната програма Највисокото партиско раководство на ЛДП предводено од лидерот Јован Манасиевски, во Куманово ќе ја претстави изборната програма за предвремените парламентарни избори.
Концерт за класична гитара Во Центарот за култура “Трајко Прокопиев” утревечер концерт на класична гитара ќе одржи Тања Јанкова. Концерт ќе се одржи во малата сала 19.30 часот.
Денес e Светски ден на театарот Светскиот ден на театарот е востановен во 1962 година и денес се одбележува во стотина земји од националните театарски институти.
ВМРО-НП подготвена за избори На годишната конференција на ВМРО-НП во Скопје, присуствуваа и песедесетина членови на општинскиот комитет од Куманово.
Четврток неработен ден Заради спроведување на пролетната акција „Ден на дрвото - пролет 2011“, 31 март ( четврток) е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија, соопшти Министерството за труд и социјална политика.
Во Куманово над 500 фирми пријавиле е-маил адреси Само 10 одтсо од правните субјекти од Куманово пријавиле е-маил во Централен регистар. Останатите тоа можат да го сторат во наредниот период, бидејќи дадениот рок до 1 април е пролонгиран.
Во недела започнува летното сметање на времето Во сабота кон недела (27 март), со поместување на времето од 02:00 часот во 03:00 часот, започнува летното сметање на времето
Возач на камион фатен со 29 000 евра На граничниот премин Табановце автопат царината открила кај возач на камион 29 000 евра.
Младите на ВМРО-ДПМНЕ избраа нов претседател Срѓан Ивановски е нов претседател на Унијата на млади сили. Од партијата информираа дека дваесетипет годишниот правник е долгогодишен член и активист на Унијата.
Откриени 4 грама марихуана Кумановската полиција поднесе кривична пријава против И.Н. (25) од Куманово, за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.
Кумановската болница ноќе без трансфузиолог Животот на болните во Куманово кои што ноќе итно морааат да се оперираат се доведени во опасност оти нема дежурен трансфузиолог во болницата. Од средината на овој месец се укинати ноќните дежурства, па лекарите мораат трансфузиологот да го викаат од дома.