Куманово ќе добие 1,8 милиони евра од државата за подобрување на водоводната инфраструктура Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) ќе додели 1,8 милиони евра на општина Куманово за подобрување на водната инфраструкура. Целиот проект изнесува 50 милиони евра и предвидува изградба на водоснабдителни, канализациони системи, пречистителни станици и набавка на опрема во сите општини во државата .
Го фатиле додека крадел во јавно претпријатие, па нападнал полицаец Инцидентот се случил вчера во 03.40 часот на ул. Фетка Наскова, на локалитет „Водовод“.
Слаткаристика и 2 Бона на годинешниов „Тумбсток“ на Градскиот плоштад во Куманово Повеќе македонски и кумановски групи и пејачи ќе настапат на второто издание на фестивалот „Тумбсток 2023“, кој ќе се одржи следната сабота на Градскиот плоштад во Куманово.
Во итна помош во Куманово фалат амбулантни возила, во Липково медицински екипи Со три амбулатни возила Итната медицинска помош во Куманово опслужува околу 100 илјади жители во општините Куманово и Старо Нагоричане. Липково има своја служба со две амбулантски возила.
Неправедно е да ги израмниме пензионерите со 15 години стаж и оние со 40 години стаж, вели Тренчевска за барањата за зголемување на минималната пензија Mинистерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска најави дека минималната пензија од септември ќе биде 13.300 денари, и повтори дека минималната пензија не може да биде 18.000 денари, како што бараат пензионерите кои протестираат.
Се шири гасоводната мрежа на „Народна револуција“ До крајот на месецот треба да заврши поставувањето на гасоводот на улицата „Народна Револуција“, по што ќе започне реконструкција на коловозот и тротоарите
Казнети 19 пешаци за небезбедно минување улица Сообраќајната полиција вчера казни 19 пешаци за небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин.
Кумановец меѓу 10-те извршители со најголеми профити Извршителите, минатата година успеале да наплатат над 145 милиони евра долгови од граѓаните, од фирмите и од државата.
Галаба Давчевска нова директорка на училиштето „Кочо Рацин“ Галаба Давчевска, наставничка по одделенска настава, назначена e за в.д. директорка на основното училиште „Кочо Рацин“ од Куманово.
За една недела 11 пријави за бучава, најмногу за музика во живо во угостителските објекти До Секторот за инспекциски надзор во Општина Куманово, за седум дена се поднесени 11 пријави за неконтролирана бучава, откако Општина Куманово ги објави броевите и ги повика граѓаните да ја пријавуваат бучавата во надлежните општински служби и МВР.
Тамара Tодевска ѕвезда на годинешниов Тамбурашки фестивал во Куманово Тамара Тодевска, Трио Гранде и Бијелопољски тамбураши ќе настапат на Меѓународниот тамбурашки фестивал, кој ќе се одржи на 25 август на Градскиот плоштад во Куманово.
Летна крводарителска акција се одржа во Занаетчискиот дом во Куманово На традиционалната, летна крводарителска акција која се одржа во Занаетчискиот дом собрани се 26 крвни единици. Акцијата беше организирана на Црвен крст Куманово и Институтот за трансфузиона медицина Скопје.
Да му помогнеме на 8-годишниот Теодор да ја победи тешката болест На Теодор Стојановски од Куманово му е дијагностициран тежок спектар на аутизам, поради што му е потребно лекување со матични клетки во приватна клиника во Турција. За тешката операција неопходини се 24 илјади евра, кои семјството не може само да ги обезбеди.
Бензинот и дизелот поскапуваат за 1,5 денари Регулаторната комисија за енергетика одлучија горивата од вечерва на полноќ да се продаваат по повисоки цени.
Викендов казнети 137 возачи, 91 за брзо возење Во текот на изминатиот викенд, полициски службеници од Куманово спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните прописи.
Еден загинат и тројца повредени во сообраќајка кај Ранковце Едно момче загина, а тројца негови сопатници се повредени во тешка сообраќајна несреќа што ноќеска се случила на магистралниот пат Крива Паланка - Ранковце, во село Љубинци.