Увозот на стари возила двојно поголем поради стравот од нови прописи Драстично зголемен, во некои моменти и двапати поголем, бил увозот на користени возила во првите седум месеци од годинава во однос на истиот период во 2017 година, а ова количество на увезени стари автомобили, автобуси и товарни возила од јануари до јули годинава е многу блиску до количеството увезени возила во целата мината година.
Во Куманово вчера три сообраќајни несреќи Три сообраќајни несреќи се случиле во текот на вчерашниот ден во Куманово.
Бензините поскапуваат за денар, дизелот за два денари Од ноќеска бензините супер 95 и супер 98 поскапуваат за еден денар и ќе се продаваат по цена од 74,50 односно за 76,50 денари. Дизелот поскапува за 2 денара и ќе се купува за 69 денари по литар.
Претставата „Наопаку“ на Албански театар вечерва на Денови на комедија Претставата „Наопаку“ во режија на Агон Мифтари, на Албанскиот театар Скопје, вечерва е на репертоар на Денови на комедија.
Донаторската акција „Нахрани 10.000“ во осум градови во земјава По повод Светскиот ден за борба против гладта, утре од 10 до 19 часот на 33 локации во Скопје, Битола, Куманово, Прилеп, Струмица, Радовиш, Кочани и Виница, сите хумани граѓани и компании може да донираат храна во рамки на акцијата „Нахрани 10.000".
Изгубил контрола на возилото и удрил во дрво и заштитна ограда Две лица се повредени во сообрќајна несреќа што вчера по полноќ се случила во населбата Карпош во Куманово.
Промоција на проектот за туристички атракции во Североисточниот регион Во среда во Крива Паланка ќе се одржи завршната конференција на проектот „Промоција на туристички атракции во 3Д – ТАП3Д“, кој го имплементираат Обласната администрација Ќустендил и Центарот за развој на Североисточен плански регион - Куманово.
Изложба на дела од ликовната колонија „Куманово 2018“ во меморијалниот центар АСНОМ Во Меморијалниот Центар на АСНОМ во село Пелинце, вечерва во 19 часот, ќе биде отворена изложба на дела од ликовната колонија „Куманово 2018“.
Учениците го одбележа патронот на училиштето „11 Октомври“ Под мотото „Со музиката патуваме низ светот„ Основното училиште „11 Октомври“ го одбележа патрониот празник.
Левица го одбежела 11 Октомври на Менкова колиба и Студена Вода Левица ЛО Куманово, го одбележа 11 Октомври на локалитетите: Менкова колиба, Студена Вода и на споменикот посветен на Козјачкиот партизански одред во село Малотино.
11 Октомври 2018 е дел од востанието на нашата генерација, порача премиерот Заев На Спомен костурницата на паднати борци во НОБ во Куманово, денеска се одржа централната прослава на „11 Октомври“, во присуство на делегации од Сојузот на борците, Владата, Собранието, Претседателот, АРМ, МВР, локални самоуправи, голем број на политичари, амбасадори, гости од општествениот и политичкиот живот во државата и граѓани.
Честитка од градоначалникот Димитриевски за „11 Октомври“ Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски, од свое име и од името на локалната самоуправа на сите граѓани им го честита празникот „11 Октомври“.
Куманово го слави „11 Октомври“ Куманово, градот првоборец, денеска одбележува 77 години од Денот на антифашистичкото востание кога македонскиот народ се кренал во борба против фашистичкиот окупатор.
Претставата „Терапевти“ вечерва на Денови на комедија Со комедијата „Терапевти“, актерската екипа на Сатиричен театар „Алеко Константинов“ од Софија, Бугарија, вечерва ќе се претстави пред кумановската публика на Денови на комедија.
Традиционална велосипедска трка „11 Октомври“ По повод празникот „11 Октомври“, утре во Куманово, ќе се одржи традиционалната велосипедска трка Трофеј - „11 Октомври“.