По 5 години во среда ќе почне судењето на Дедо Љубе
Во Основниот суд Куманово, во среда на 17 јануари, ќе почне
судскиот процес против Љубомир Митев (78) од кратовското село Којково,
кој во самоодбрана во својата куќа застрела двајца разбојници, од кои
едниот го усмрти, а другиот го рани, бидејќи го малтретирале и сакале да
го ограбат.