Четириесет и деветта седница на Совет Утре ќе се одржи 49-тата седница на советот на општина Куманово.
Продолжува судењето за Диво насеље Денеска во Кривичниот суд во Скопје, закажано е судењето за случајот Диво Насеље.
Кумановец поседувал електричен парализатор Кумановската полиција поднесе кривична пријава против А.Ј.(31) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
Бензинот поскапува за три денари Oд вечерва на полноќ цените на бензинот се зголемуваат за три денари, одлучи Регулаторна комисија за енергетика.
Директор на училиште давал плата на работник кој се запослил во странство Директор на основно училиште во селото Лопате уплаќал плата и придонеси на работник што две години не доаѓал на работа.
Започнa Неделата на отворено образование Неделата на отворено образование се одржува од 7 до 11 март, и има за цел да го покрене интересот за бесплатно и слободно споделување во образованието и придобивките кои учителите и учениците би ги имале со истото.
Шахта без капат опасност за минувачите Шахта без капак со месеци стои на улицата „Драги Шутевски„ број 5 во населбата Тоде Мендол.
Пешевски најави индустриски зони во Куманово Невработеноста во Куманово ќе се намалува со отворање на две индустриски зони, најави вицепремиерот задолжен за економски прашања Владимир Пешевски, при вчерашната посета на Куманово.
Отпуштени 15 хонорарци од Транзитниот центар Табановце На 15 луѓе што досега работеле преку Црвениот крст не им се продолжени договорите за работа откако Транзитниот центра Табановце поминал во Министерството за труд и социјална политика и на нивно место се доведени нови луѓе.
Јапонска донација за Куманово Јапонија ќе обезбеди специјално возило за собирање на отпад, поради бегалската криза во државата.
Ограбени мигранти од Сирија Во Прифатниот центар за бегалци во Табановце пристигнале 11 лица - мигранти од Сирија , сите без лични документи за идентификација, а девет од нив со грчки документи за регистрација на бегалци, пријавиле разбојништво.
Пакистанци држеле во заложништво Авганистанци Кумановската полиција поднесе кривична пријава против А.Б.(25) од Пакистан и уште четири непознати лица од Пакистан, поради основано сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“.
Силен дожд и град го зафати Куманово На пладне Куманово го зафати невреме проследено со силен дожд, град и грмотевици.
СВР и УЈП во контрола на кафулиња и обложувалници Во саботата полициските службеници од Кумановската полиција со инспектори од Државен инспекторат при Управата за јавни приходи, извршиле контрола во кафе бар, Спортска обложувалница и автомат клуб во Куманово.
Изложба на рачни ракотворби Во Центарот за култура „Tрајко Прокопиев“ утре од 12 до 14 часот ќе се одржи изложба на рачни ракотворби под наслов „Жена-корен на традицијата„.
Почна со работа Центарот за ран детски развој во Пуковско Над 45 дечиња го посетуваат Центарот за ран детски развој „Сонце“, кој се наоѓа во училиштето во населбата Иго Тричковиќ.